119 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за неносење на сигурносен појас…“, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР.