Знаци кои укажуваат дека си имате работа со емотивно недостапен човек

Кога влегуваме во врска, сите посакуваме таа да биде едноставна и лесна. Секако дека секоја врска носи свои тежини и препреки, но целата ситуација станува неподнослива ако си имате работа со емотивно недостапен маж.

Емотивно недостапните мажи се тежок товар со кој ретко која жена може да се носи. Ако сакате успешна врска во која двајцата меѓусебно ќе се почитувате, обрнете внимание на овие 4 знаци.

Директно и отворено ви кажува дека е неспособен за љубов

Кога ќе запознаете таков маж, заблагодарете му се на искреноста, затоа што ве поштедил од губење време. Мажите многу често се директни и отворени, но жените понекогаш го слушаат она што сакаат да го чујат.  Затоа кога следниот пат некој ќе ви каже: „Ти си супер, но јас не сум за врска“, поверувајте му на зборот и не барајте изговори и причини за да докажете дека ќе го промените.

Во врска е со друга девојка

Можете да помислите дека сте блиски со некој маж само затоа што ви открива се за себе и за врската „која не му одговара баш најмногу“. Не се залажувајте и не наседнувајте на изјави од типот на: „Наскоро ќе се разделиме“, „Поубаво ми е со тебе отколку со неа“ и слично.

Престанува да ви се јавува откако ќе сфати дека сте „уловена“

Емотивно недостапните мажи често се служат со старата „топло-ладно“ стратегија. На почетокот ќе се труди да ве освои, но откако ќе види дека сте се фатиле за јадицата, ќе исчезне во рок од една недела. Откако вие ќе се оладите, тој повторно ќе се заинтересира. Ова би можело да трае до недоглед, па затоа самите вие прекинете го тој магичен круг уште во првиот момент кога ќе забележите такво однесување.

Едно кажува, друго прави

Со збунетиот маж нема да бидете среќни. Еден викенд ќе ве повика на романтично дружење, а следните денови редовно ќе ве одбива за излегување, што може да биде прилично лошо искуство.