Како да препознаете емоционално недостапен маж?

Постојат навистина многу прекрасни мажи полни со самодоверба. Најдете таков и бегајте од емотивно недостапни мажи.

Навистина е тешко да се започне врска во која и двајцата партнери ќе бидат поеднакво посветени. Но, кога вашиот маж е емотивно недостапен, работите се уште потешки. Колку и да се посветувате, тој едноставно нема да се отвори.

Има многу знаци преку кои можете да го препознаете емотивно недостапниот маж. Ова се само некои од нив, но доволно за да знаете дека е време да си одите:

1. Ве изневерил и ве обвинува вас за тоа.
2. Го снемува на неколку дена и не се грижи за тоа дали ќе ве повреди.
3. Постојано ве остава и пак сака да ви се врати, без да помисли на вашите чувства.
4. Тој се затвора кога вие станувате несигурни околу вашата врска.
5. Не е заинтересиран за тоа да ги оттргне вашите грижи.
6. Не покажува знаци на емпатија кога барате разбирање од него.
7. Ви кажува дека вие сте проблем и дека ако сакате да бидете со него, треба да откриете како да направите да ве сака.
8. Не ги почитува вашите граници.
9. Ве малтретира и психички и физички.
10. Ве обвинува дека премногу го замарате.
11. Вие секогаш се извинувате за нешто, а тој секогаш глуми жртва.
12. Неговите чувства секогаш се најважни.
13. Постојно ги исмева вашите чувства и потреби.
14. Никогаш не разбира каде згрешил.
15. Постојано прави да се чувствувате како да губите контрола и се чувствувате несигурно.