Зад сините очи...

Тоа обично не се гледа со голо око.
Нема лузна, модринка или белег.

Емотивното насилство често поминува незабежано. Сосема надвор од реалност, верувате дек се е нормално. Се е совршено. Но, истовремено, не разбирате што се случува. Се што знаете е дека го сакате и дека не можете да живеете без него.

Во првите фази на врската, се е розево. Тој вели дека вие сте негова сродна душа. Уште од самиот почеток. Вели дека се чувствува поинаку кога е со вас. Вели дека го правите подобра личност, дека има подобар живот. Тој се вратил за вас!

Одеднаш, тој почнува да ги сака истите работи кои вие ги сакате. Ги цени истите работи како и вие. Ви праќа цвеќиња, ве носи во убави ресторани, ви пишува слатки пораки, ви праќа песни, итн.

Вие не сте како неговата бивша. Тој не ја сакал неа како што ве сака вас. Тој не е истата личност. Тој сега е поинаков. Вие сте го промениле.

Па така вие му ја давате вашата душа. И тој ја зема. Секое парче од вас го зацврстува додека тој без напор ве влече надолу.

Откако ќе ги истроши вашите резерви, тој ве фрла настрана. Скршена, малтретирана и неупотреблива.

Емотивното насилство е бавно. Секој лош збор, секое одмаздољубиво однесување, секое лоо дело полека зема дел од вас. Ви ја одзема самодовербата. Позитивноста. Верувањата.

Емотивното насилство е полно со лаги, измама и предавство.

Вие дури не сте ни свесни за болката, несреќата и страдањето коешто го чувствувате.

Се фаќате себеси како се извинувате за се. Преземате одговорност за се, за секоја солза и последица.

Тој прави да се чувствувате толку мали и неважни. Тој ве деградира и вие почнувате да се уверувате себеси дека можеби навистина сте ништо. Можеби никој нема да забележи. Можеби.

Тогаш доаѓаат подароците.

Во моментот кога сфаќате дека не можете повеќе да издржите, почнувате да добивате цвеќиња, облека, чевли. Почнувате да добивате внимание, изливи на емоции.

Работите се менуваат и тој повторно станува финиот дечко.

Збунети, се враќате назад. Поттикнати од мислата дека сепак е добар дечко и дека овој пат ќе биде различно. Тој е сменет. Тој ќе биде поинаков.

Но, не поминува долго и на него му здосадува. И почнува со истите трикови.

Се оттуѓува. Не ви враќа на пораки. Не ви крева на телефон. Ви откажува излегувања во последен момент.

Овој круг не престанува да се врти. Тој прво ве вовлекува, а потоа ве истуркува. Тоа за него е само игра. Тој е зависен од играта.

И на крај сфаќате дека тешко дишете. И на крај пукате. Плачете. Плачете за сите години тортура, измама и бунило. Плачете, плачете, плачете се додека не останало ништо.

Сфаќате дека ништо нема да се промени. Тој нема да се промени, а вие не можете да дишете слободно со него.

Ја наоѓате таа трошка сила која останала во вас и станувате од подот. Си заминувате.

Ја отворате вратата, земајќи здив за прв пат по којзнае колку време.

Длабок, реален, голем здив.

Си одите.

Наоѓате засолниште во вашата душа. Се градите, реструктурирате и обновувате себеси. Си го пронаоѓате својот глас. Почнувате да носите сопствени одлуки, ги споделувате вашите мислења и поставувате здрави граници. И станувате посамоуверени.

Повторно оживувате.

Преживеавте и затоа сте посилни.

Одите напред и никогаш нема да се свртите назад.