За сите млади мајки: Игнорирајте ги сите злонамерни прашања од типот: „Каква мајка си ти?“

Некои луѓе мислат дека имаат право да навлегуваат во туѓата приватност и да коментираат и осудуваат туѓи постапки, а притоа не ни знаат каков живот живее таа личност, ниту пак знаат зошто таа го прави тоа што го прави.

Мајките кои водат сметка за себе често се на мета на критики, а на интернет најдовме и совршен одговор за сите душебрижници. Прочитајте го во продолжение:

„Каква е таа мајка што оди на кафе со другарките?
Каква е таа мајка што вежба?
Каква е таа мајка што оди во СПА?
Каква е таа мајка што повремено прави нешто за себе, си купува нешто за себе?
Каква е таа мајка што оди на фризер или прави нокти?

Каква е таа мајка која понекогаш оди и во кафана?
Каква е таа мајка која понекогаш сака одмор од мајчинството?
Каква е таа мајка која може да издржи повеќе од една минута без своето чедо?

Еве каква:

Мајка. Жена. Личност. Обична смртничка. Човек.

Мајка која знае дека мора да биде среќна и задоволна, за и семејството да и биде среќно и задоволно.

Мајка која знае дека убавината и среќата доаѓаат одвнатре, а тоа одвнатре се движи кога сме задоволни и однадвор.

Мајка која знае дека не е здраво да се биде роб.

Мајчинството не е ропство, мајчинството е најубавата работа на светот, која е платена со чиста љубов. Како што имаме пауза при секоја работа, така заслужуваме и при мајчинството: да наполниме батерии, средиме нокти, да ги скратиме расцветаните краеви од косата и за заблескаме од среќа и задоволство.

Понекогаш направи нешто за себе, само за себе. Нека биде тоа и најобична ситница, но таа ситница ќе те потсети дека си жива и дека и ти заслужуваш време за себе.

Заблескај првенствено за себе, па тогаш ќе блескаш и за децата и сопругот.

Затоа што кога мама е среќна, среќно е и целото семејство!