Не ви е потребен еликсир за младоста. Ако не сакате да остарете, едноставно престанете да ги славите родендените. Тоа е тоа!

Така барем велат децата од предучилишна возраст кои биле вклучени во едно американско истражување, а е објавено во списанието “Imagination, Cognition and Personality”.

Всушност, децата истакнале дека родендените ги сметаат за показатели на растењето и созревањето. За нив, тоа значи „ да се биде голем“, односно „да се стане дел од светот на возрасните“. Децата на родендените гледаат како на ден на кој стануваме постари, бидејќи тие немаат перцепција дека стареењето се одвива од ден на ден, а не само на самиот роденден.

Во две истражувања биле испитани 99 деца меѓу 3-5 години, поделени во неколку групи. Истражувачите биле заинтересирани за начинот на кој децата го перцепираат времето, стареењето и родендените. Во првата фаза ги распоредиле децата во неколку групи, зависно од тоа на кој начин ви го славеле својот трети роденден. Децата во првата група немале организирана роденденска прослава, втората група имала две прослави, а третата само една.

Потоа, ги прашале децата колку години ќе имаат. Дури 28 % од децата од првата група утврдиле дека нема да наполнат три години ако немаат прослава.

Овие истражувања го покажуваат начинот на кој децата развиваат смисла за време и возраст. Притоа, заклучено е дека со оглед на тоа дека не постојат јасни физички, биолошки и вербални показатели кои упатуваат на тоа како децата го сфаќаат стареењето, тие го поврзуваат со настан кој е културолошки поврзан со процесот на стареење – роденденската прослава.

Ех, кога истото би можело да важи и за возрасните.