10 златни совети за младите луѓе

Младите луѓе имаат енергија, волја за живот и големи очекувања од животот. Дел од нив се изгубени, но тоа не значи дека секој од нив не е на својата вистинска патека во животот. Иако тие постојано учат многу за себе, за другите луѓе и за животот, сепак постојат одредени совети и лекции кои тие можат да ги научат од повозрасните.

  1. Не го трошете времето на страв, запрашајте се што сакате и потрудете се да го постигнете тоа. По неколку години, воопшто нема ни да се сеќавате ако сте одбиени, или сте постигнале неуспех.
  2. Живејте во сегашноста. Важно е да ја планинате иднината, но не мислете премногу за неа. Потрудете се да немате каење за вашиот живот.
  3. Правете барем едно возбудливо нешто секој ден.
  4. Знајте колку вредите. Не дозволувајте луѓето кои не ве знаат да ја одредуваат вашата вредност.
  5. Не се плашете да си отидете од лошите ситуации. Не дозволувајте тие да влијаат на вашето расположение и ум.
  6. Луѓето ќе ве разочаруваат постојано, но најголем дел од времето тоа нема да има никаква врска со вас, туку со самите нив.
  7. Во љубовта, никој никому не должи ништо. Дури и кога постои ветувања, ветувањата понекогаш се кршат или забораваат. Не очекувајте премногу од другите, бидејќи ни самите понекогаш не можете да ги исполните таквите очекувања.
  8. Научете да уживате во своето сопствено друштво. Немојте да мислите дека да поминувате време сами значи дека сте осамени.
  9. Не озборувајте. Тешко е да се бидете постојано љубезен и фин, но потрудете се да бидете такви.
  10. Не можете да ја победите секоја битка. Не можете да победите секаде. Изберете ги паметно своите битки. Научете од своите порази.