Во какви луѓе верувам?

Верувам во луѓе кои не мораат да понижат друг за да се воздигнат себеси.
Верувам во луѓе на кои не треба друг да им каже што да мислат, туку тоа го прават со своја глава.
Верувам во луѓе кои не си поставуваат граници на своето размислување и делување.
Верувам во луѓе кои се свесни дека грешките влијаат на нивниот живот и учат од нив.
Верувам во луѓе кои знаат дека треба да веруваат во себе ако сакаат да имаат исполнет живот.
Верувам во луѓе кои секоја криза ја претвораат во прекрасна можност.
Верувам во луѓе кои знаат како да донесат вистински одлуки во животот во коалиција со срцето и разумот.
Верувам во луѓе кои веруваат дека можат да го контролираат својот живот и го контролираат.
Верувам во луѓе кои не се плашат да бидат херои на сопствениот живот.
Верувам во луѓе кои знаат дека зборовите не се секогаш доволни.
Верувам во луѓе кои знаат дека секој ден треба да го покажат своет овистинско лице.
Верувам во луѓе кои секој ден ја градат својата волја и самоконтрола.
Верувам во луѓе кои научиле да ја одложуваат реакцијата кога таа не е добра.
Верувам во луѓе кои знаат дека нивното минато не го одредува нивниот живот.
Верувам во луѓе кои знаат дека никогаш не е предоцна за вистински добар живот.
Верувам во луѓе кои знаат што им е важно во животот, а што им е неважно.
Верувам во луѓе кои веруваат дека истрајноста е можно да се развие.
Верувам во луѓе кои знаат дека само во ризикот нема ризик.
Верувам во луѓе кои веруваат во сето ова.