Внимавај кому веруваш и кому го подаруваш своето срце...

Постојат луѓе кои ќе те омаловажуваат, кои ќе те навредуваат до изнемоштеност, кои ќе сакаат да те уништат и психички и физички, само за да се чувствуваш мало и несакано и да останеш покрај нив. 

Тие не сакаат да се сакаш себеси, тоа не им оди во прилог, сакаат да се мразиш, само така ќе останеш засекогаш со нив.

Затоа и те уверуваат дека не си доволно добра, затоа секогаш ти велат дека нешто не е во ред со тебе, анализирајќи го секој дел од тебе, исмејувајќи го твоето битие. 

Тие се зависни од тоа да бидат потребни некому, се чувствуваат моќни кога страдаш и додека те гледаат како тонеш.

Тие луѓе не се нормални, обиди се да го разбереш ова, ќе те газат сѐ додека можат и верувај ми дека нема да застанат.

Без оглед на тоа колку плачеш или колку си очајна, тие уживаат во тоа, твојата мизерија ги храни.

Го знам ова затоа што и јас поминав низ тоа, па затоа и ти ги пишувам ова.

Тргни се додека сѐ уште има време, тоа не е љубов, без оглед на тоа колку те убедуваат дека е. 

Тие би рекле сѐ и сешто само за да останеш, би ти ги симнале сите ѕвезди од небото само за да те уверат дека ти си виновна.

Затоа, внимавај кому веруваш и кому го подаруваш своето срце. Не ги слушај само зборовите. Движи се бавно и не брзај. 

А пред сѐ, сакај се себеси, затоа што заслужуваш да бидеш сакана. 

Запомни го тоа.