Во два дена два натпревара на ракометарите на Вардар

Ракометарите на Вардар немаат многу време за славење на неодамна освоената титула во регионалната СЕХА лига. Вардарци денеска и утре ќе одиграат два заостанати натпревари од плејофот во домашното првенство.

„Црвено-црните“ попладнево гостуваат во Битола кај тимот на Еурофарм Работник во последниот меч од 3.коло. Оваа средба ќе започне од 19 часот.

Веќе утре во терминот од 15 часот, но пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ вардарци во нов дуел против битолски тим, ќе го пречекаат Пелистер во заостанатиот меч од 2.коло.

Потсетување дека актуелниот македонски шампион во првото коло од домашниот шампионат беше поразен од градскиот ривал Металург со 29:26.

Тимот на Металург со максимални 9 бодови е лидер на табелата, пред Охрид кој има 6, Пелистер е со 3, додека Вардар, Еурофарм Работник и Борец досега немаат освоено бод.