Фото: ФК Вардар со кучиња од ЈП Лајка

На почетокот на натпреварот со кучињата кои се уште си го бараат својот дом продефилираа фудбалерите од ФК Вардар, а со слоганот „Вдоми куче од ЈП Лајка“ излегоа на терен фудбалерите од ФК Ѓорче Перов. 

На овој начин фудбалерите денеска помогнаа во подигнувањето на свеста за вдомување на куче, наспорти купување!

Им ја честитаме првата победа за оваа сезона на ФК Вардар, по се изгледа кучињата носат среќа, а се надеваме дека баш токму тие ќе им донесат среќа на кученцата и дека сите ќе се водмат!

Тимот на ЈП Лајка заедно со кучињата уживаше во натпреварот, а овој настан помогна за социјализација на кучињата.

ЛАЈКА ГРИЗЕ ЗА ВАРДАР!