ВМРО-ДПМНЕ најави блокирање на три раскрсници - овие улици ќе бидат затворени

ВМРО-ДПМНЕ денеска најавуваат дека повторно ќе протестираат и блокираат раскрсници во знак на протест за притворените за настаните од 27. април.

Денеска ќе извршат блокирање на крстосници во период од 15 – 17 часот. Тоа се крстосницата кај Мавровка, крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда.