Скопје: Со две гајби блокирана цела трака на булевар

Еден од главните проблеми во сообраќајот во Скопје е паркинг местото.

Скопјани често се „борат" со возила паркирани на тротоари или на сообраќајниците. На овој „фраер" не му е доволно што паркира на улица, туку за да биде сигурен дека местото ќе го чека си го „резервирал". Со две гајби блокира цела трака на булевар!!!

Скопје е на добар пат да стане село. 

Пред неколку дена, и Бекир Асани повторно си го паркираше возилото на местото каде пајакот сакаше да му го отстрани.