Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска ќе го блокираат сообраќајот во Скопје

И денеска ќе бидат блокирани неколку улици во Скопје.

Четирите крстосници кои ќе бидат блокирани во Скопје се: крстосницата кај Соборниот Храм, крстосницата кај „Мавровка“, крстосницата кај „Нова Македонија“ и крстосницата кај Црвен Крст.

Воедно, комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во просториите на „Даре Џамбаз” денес од 09 – 17 часот организира крводарителска акција во знак на поддршка на притворените.