Видео: Скопјанец малтретира мачка, „Анима мунди“ бара одговорност

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ објавија дека извесен Д.Д. од населба Лисиче, Скопје малтретирал и повредувал мачка.

-Ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката бидејќи според сведоштвата истиот ја удирал од земја неколку пати со што ѝ нанел очигледни повреди и траума, објави „Анима Мунди“.

Од „Анима Мунди“ побараа надлежните институции да превземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај.