Видео: Првата дама на Украина сподели трогателно видео - Цел свет погледнете, ние се бориме и за вас!

Деца, мајки и стари луѓе во засолништа, бремени жени, мајки кои ги дојат своите бебиња седнати на бетон во метро, луѓе кои го пакуваат целиот свој живот во „два куфера“, тажни разделби, сите заминуваат, а остануваат рушевини...-вака некако изгледа Украина деновиве по воената инвазија, порачува првата дама, Олена Зеленска, сопругата на претседателот Володимир Зеленски. 

Таа на својот Инстаграм профил сподели видео од Украина во моментов. 

-Вака изгледа Украина во моментов. Еве едно видео кое светот треба да го види - ние сме во војна. Поради нападот на Путин, Украинците секоја вечер мораат да ги носат своите деца во подрумите и да се борат со непријателот под ѕидовите на нивните домови. Украина е мирна земја. Ние сме против војната и не нападнавме први. Но, ние нема да се откажеме. Цел свет, погледнете: ние се бориме за мир и во вашите земји, пишува таа споделувајќи трогателно видео од состојбата во земјата каде страда невин народ.