Видео: Младиот Самир проба да ја запроси својата девојка во емисијата „Брза кујна“

Уште едно интересно запросување се случи за време на емисијата „Брза кујна“ која се емитува на телевизијата Сител.

Во „Брза кујна“ младата Џансу заедно со својот брат се натпреваруваше во готвење и не очекуваше возбудлив крај на емисијата. Но во публиката седеше нејзиното момче Самир, со кое се во врска 2 години.

Самир со помош на неговите роднини, со помош и на членовите на емисијата како и со дел од публиката, некаде пред крајот на емисијата „зготви“ нешто интересно. Наместо публиката да даде гласови за тоа кој подобро зготвил, тие извадија листови на кои пишуваше  „ЌЕ СЕ ОМАЖИШ ЛИ ЗА МЕНЕ?“, а Самир клекна со прстен пред својата сакана Џансу.

Погледнете го видеото на следниот ЛИНК и премотајте некаде на 40:00 минута за да видите како тоа изгледаше. Им посакуваме многу среќа и љубов.