Видео: Детали за големиот пожар во Скопје

Две возила целосно изгореа, а пламенот зафатил уште други две на паркинг на улица Радишанска, главната улица кон населбата Радишани во Скопје. Полицијата денеска правеше увид во обид да открие дали се работи за подметнат пожар, невнимание или оганот настанал под други околности.

Случајот во полиција и пожарна бил пријавен ноќеска пред 3 часот.

Од пожарот остана само каросеријата на фиат пунто и сузуки свифт, а поради близината делумно изгоеле ауди и бмв со бугарски ознаки и двете во сопственост на скопски фирми, пренесе ТВ Нова.