Два големи пожари беснееа во Скопје

Вчера во 15,30 часот во Скопје, на ул.„Димо Хаџи Димов“, од засега непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Љ.А.(1974), при што опожарени се две соби во кои изгорела покуќнината.

Од страна на екипа на противпожарната служба пожарот е локализиран.

Ноќеска во 02.50 часот во Скопје на ул.“Радишанска“ на паркинг настанал пожар во кој целосно биле опожарени патничко моторно возило “Фиат Пунто“, сопственост на Г. Љ. (1997) од Скопје и патничко моторно возило “Сузуки Свифт“ сопственост на А.П.(1964) од Скопје, а делумно биле опожарени патничко моторно возило “Ауди“ сопственост на правно лице, а паркирано од страна на В.С.(1978) од Скопје, и патничко возило “БМВ Х5“ со бугарски национални ознаки сопственост на правно лице “Спидекс интернационал“, а паркирано од страна на Ѓ.К. (1966) од Скопје, кои биле во непосредна близина на опожарените возила.

Пожарот е целосно изгаснат во 03.30 часот од страна на екипа од Противпожарната служба-Скопје.

Сè уште не е позната причината за опожарувањето, како и од кое возило започнал пожарот. Увид ќе се врши во текот на денот.