Велосипед удрил во 85-годишна жена во Скопје и побегнал

Повозрасна скопјанка е тешко повредена откако во неа удрил велосипедист и избегал од местотот на настанот. 

- На 03.04.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Московска“ во Скопје, непознато лице со велосипед удрило во Љ.Г.(85) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Г., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.