Девица

Kaриера и пари: Меркур, водачот на девица, овој месец ќе биде лоциран во куќата на кариерата. Тоа ќе ви донесе дополнителна амбиција и желба за истакнување. Тоа во секој случај е добро за вашата финансиска состојба.

Здравје: Избегнувајте го кревањето на тешки предмети и работите кои ве изложуваат на стрес. Внимавајте на сезонските настинки.

Љубов: Овој месец, планетата Јупитер ќе се погрижи за вашите романтични моменти, а и во дадени ситуации ќе ви даде храброст да го направите првиот чекор. Не двоумете се многу, прифаќајте ги понудите за состанок од личностите кои ви се допааѓаат.

Стрелец

Kaриера и пари: Првите две недели од овој месец ќе ви бидат активни на професионално поле, благодарение на Сонцето, кое ќе биде лоцирано во стрелец во куќата на работата. Планетата Меркура исто така добро ќе се покаже. Ќе биде во многу јака позиција, што ветува успех. Од финансиски аспект, месецов ќе поминете добро, доколку паметно ги трошите парите.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини, бидејќи така ќе ви се подобри имунитетот. Исто така, секое слободно време користете го за рекреација, која ќе ви даде дополнителна енергија.

Љубов: Планетата Венера ќе премине во куќата на љубовта и еротиката, што значи дека мај ќе биде многу сензуален месец и полн со атрактивни понуди. Венера е водач на љубовта, задоволствата и среќата. Исто така, ќе ви помогне да ја подобрите комникацијата со партнерот. За оние кои не се во врска, овој месец ќе им донесе многу сплет на околности и пресврти. Очекувајте го неочекуваното!

Совет: Обновете ги пријателствата со старите пријатели.

Риби

Kaриера и пари: Она што е пред вас, е прилично активен период, исполнет со состаноци и патувања. Првата недела од мај ќе биде поволна за пишување, калкулирање, преговарање и држење говори. Ова е исто така добар месец за инвестирање во недвижнини.

Здравје: Бидете внимателни во врска со сезонските настинки, посебно во првиот дел од месецот. Негрижата, како и нехигиената исто така можат да ви донесат проблеми со здравјето.

Љубов: Ова ќе биде еден посебно стабилен месец, во кој ќе ја сакате удобноста и сигурноста. Доколку сте во ситуација да бирате партнер, овој месец ќе имате можност да го направите вистинскиот избор. Доколку сте во врска, добро би ви дошло едно патување со партнерот, кое ќе ве одалечи од секојдневните проблеми.