Голем љубовен хороскоп за мај

Што ни носат ѕвездите на ова поле во еден од најубавите месеци во годината?

Овен

Во партнерските односи, во текот на мај ви претстои согледување на проблемите со кои се соочува вашата врска, веројатно поради старите обрасци на однесување, кои го ограничуваат изразувањето на емоциите. Потребно е длабоко преиспитување, за да сфатите што е тоа што ве разочарува, односно што е тоа што партнерот не го разбира. Убедени сте дека партнерот е површен, дека нешто избегнува, дека можеби нема исти желби како и вие, но можеби станува збор за тоа дека таа личност не знае што сакате, бидејќи и јасно не сте го кажале тоа.

Слободните Овни се соочуваат со очекувања кои не можат да ги остварат, можеби не се во прашање погрешни личности, туку нереални очекувања. Не брзајте со донесувањето одлуки, додека добро не се посоветувате со своето срце. Ништо позитивно нема да се случи додека не почнете да размислувате позитивно.

Бик

Биковите кои со во врска ќе направат промена која носи освежување, но и отстранување на емоционалните бариери. Веќе некое време пробувате да ги игнорирате емоциите кои ве вознемируваат, но сега таквите чувства бараат внимание. Тоа значи дека морате да си признаете како се чувствувате, но и да се изложите себеси и да ја покажете својата ранливост и своите слаби страни. Тоа е нешто што не го правевте досега.

Слободните Бикови ќе се преиспитуваат и потребна им е блиска врска со себеси, со својата мрачна страна и своите слабости. Во овој процес, ви пречи нетрпението и отпорот кој постојано го покажувате, па така сте склони кон груби грешки во односите со луѓето кои ви значат.

Близнаци

За Близнаците кои се во врска, доаѓа напорен период во кој ќе се соочат со многу недоразбирања и нетрпение, но и конфликти. За да се постигне примирје, потребно е двете страни да ги изразат своите чувства, но и да се внимава тоа да не премине во кавга. Морате да научите да ги сослушате другите без лутење и навредување. Ако не го направите тоа, се соочувате со ризикот мај да ви биде навистина тежок месец. Во вас постои голема потреба за чистење на емоциите, а и саканата личност е во иста состојба. Размислете и пробајте да најдете конструктивни начини за тоа.

Слободните Близнаци ќе бидат импулсивни и исполнети со енергија која им го нарушува мирот. Некако ќе бидете мрзоволни и ќе ги збунувате другите кои ќе се трудат да ви се приближат. Ќе бидете бесни и ќе се самосожалувате, па нема да гледате многу околу себе.

Рак

Раковите кои се во врска, ќе ги зајакнат своите односи па затоа потрудете се да преземете иницијатива и да почнете дијалог. Секогаш можете да разговарате без тензија, особено ако не паднете во замката на партнерот кој ќе посака да го направи тоа и да ги претвори сите дискусии во кавга. Дискутирајте без негативен набој, тоа ќе биде многу добро за вашата врска.

Слободните Ракови би треба да водат сметка за својата емпатија. Ова звучи како чуден совет, но добро е да знаете дека вашата емпатија може да ве донесе во напорни и болни односи. Ќе има многу луѓе кои ќе го бараат вашето внимание, но треба да бидете внимателни кого пуштате околу себе.

Лав

За Лавовите кои се во врска, можни се мали љубоморни испади во текот на мај, особено ако тргнете да копате по минатото на саканата личност и инсистирате на детали. На тој начин, не само што можете да го загрозите односот, туку и да го разочарате партнерот, кој е искрен со вас. Тоа што имате потреба да се навраќате назад е ваш проблем, не го ставајте тоа на ниво да биде проблем за целата врска. Партнерот сака да ви помогне и да ве разбере, но треба прво да се разберете себеси.

Слободните Лавови се впуштаат во акција која не е многу поврзана со нивните чувства, па ни нивниот интерес за конкретна личност. Едноставно како да сакате да ја нахраните својата суета, сакате да си докажете дека ве сакаат, дека сте неодоливи. Преиспитајте ја својата несигурност пред да се потрудите да трошите нечие време, бидејќи можете да ја повредите таа личност. Бидете внимателни!

Девица

Настапува нова фаза во животот на зафатените Девици, каде е можен напредок во заедничкиот живот, проширување на семејството или правење планови за промена на начинот на живеење. Сите работи кои ќе ги правите ќе ги правите заедно со партнерот, па така ќе изградите стабилна основа за идни планови и акции.

Слободните Девици имаат многу понуди, романтиката се враќа во нивниот живот, ве забележуваат и ве бараат. Но, мали искри не се потребни за да се активира огнометот во вас. Добро е што го барате најдоброто за себе, но не се откажувајте од забавата и флертот кои можат да ви помогнат да уживате во текот на мај.

Вага

За Вагите кои се во врска доаѓа месец на соочување со непријатните емоции – разочарување, чувство на осаменост и недоразбирање, одалеченост од партнерот. Иако сакате да се ослободите од нив, оставете ги работите да се средат сами од себе. Вие сте подготвени да му излезете во пресрет на партнерот, но во овој период ништо нема да се смени во вашата врска, ако вашиот партнер не го иницира тоа самиот.

Мај е бурен период за слободните Ваги, има многу ситуации и можности каде доаѓа страста, но можно е и да скокнете во оган и да се изгорите. Вие сакате романтични односи, па затоа застанете и повлечете се еден чекор, размислете прво малку. Видете како ќе се развиваат работите, не носете импулсивни одлуки.

Шкорпија

Ако сте во врска, бидете внимателни во однос на вашите потези и потрудете се да не го растажите својот партнер, само поради тоа што сакате да ја тестирате неговата поврзаност или чувства. Би можеле да зажалите за тоа, посебно ако сте несигурни или пак ако откриете дека добивате многу. Бидете директни и едноставно кажете го тоа што го имате.

Слободните Шкорпии немаат мир и ништо не им годи овој период. Ви се чини дека другите имаат лоши намери, дека не злобни и дека сакаат да ви напакостат. Можеби само си го замислувате тоа, не им ставајте етикети на луѓето пред да ги запознаете.

Стрелец

Оние кои се во врска, во текот на мај ќе го преиспитаат својот партнерски однос, особено ако веќе некое време се трудите да излезете од таквата врска, а немате храброст за тоа. Сега е време да ја донесете одлуката. Но, бидете чесни кон себеси, запрашајте се што ви е најважно, што ќе изгубите, а и што ќе добиете. 

Слободните Стрелци ќе бидат многу шармантни како и вообичаено, па така ќе ги привлекуваат другите со својот шарм и интелигенција. Ќе ве привлекуваат личности со топли чувства, но кои ви даваат и предизвик за духот и интелигенцијата. Во ваквите интеракции, една од нив ќе се истакне и ќе ви го украде вниманието. Ќе согледате и некои свои чувства за кои не сте ни знаеле дека ги имате.

Јарец

Не треба да ве загрижуваат кавгите во партнерските односи, бидејќи тие се само одраз на моменталната напнатост низ која минувате овој период. Односите сепак ќе бидат стабилни и ќе можете да сметате на поддршката од саканата личност. Средината на мај носи нова енергија на стабилизирање на односите, нови информации, но и поволен период за планирање на иднината.

Слободните Јарци ќе имаат можност да стекнат нови искуства, кои ќе ја разбудат нивната сензуалност, на начин на којшто не сте верувале дека е возможен. Така доаѓа и добар наплив на енергија кој ќе донесе убави искуства за вас. Можеби и не станува збор за обична врска, туку за интензивна авантура.

Водолија

Оние Водолии кои се во врска, ќе почнат да согледуваат длабоки аспекти од својот живот, што ќе ви помогне да внесете склад во партнерските односи и да постигнете подлабоко разбирање на партнерот, но и самите себеси. Големи се шансите некои работи кои ве нервирале едноставно да го изгубат своето значење и веќе да престанат да ви пречат. 

Слободните Водолии исто така филозофски ќе му пристапуваат на животот, а последица на тоа ќе бидат изненадувачки храбрите потези кои ќе ги преземете за да го добиете она што го сакате. Ќе бидете во ситуација да преземете иницијатива и да ги изразите своите чувства, наместо да чекате. Што и да се случува во мај, ќе биде возбудливо и различно од сите ваши досегашни искуства.

Риби

Во партнерските односи владее примирје, но тоа е само на површина. Во вас се јавува некаков бунт, кој може да ве натера да се впуштите во паралелни односи. Ѕвездите не ви ја советуваат оваа паралелна врска, бидејќи на крајот вие ќе бидете тие кои ќе бидат повредени. Потрудете се да ги расчистите односите во овој однос, извадете ги работите на површина, па дури и по цена на напнатост, тоа ќе ви помогне појасно да ги согледате неисполнетите потреби, како и тоа што можете да го постигнете во врската во која сте.

Слободните Риби веројатно ќе се препуштат на своите искушенија без ограничувања кои бараат да водите сметка за туѓите чувства. Ќе треба да се грижите и за своите чувства, но тоа ќе биде многу тешко. Склони сте да се заплеткувате во комплицирани односи, да бидете заведени од сопствените романтични очекувања и покрај тоа што ви го кажува разумот.