Прочитајте што ви носат ѕвездите во најубавиот пролетен месец.

Овен

Овој месец на љубовен план ќе ви цветаат рози. Целиот месец ќе биде исполнет со љубов и романтични моменти кои долго ги чекавте и кои многу ќе ви годат. Ситуацијата станува уште поубава во другата половина на месецот кога дел од родените во овој знак конечно ќе донесат одлука да стапат во брак.

Бик

Мај ќе биде еден од најзабавните месеци во оваа година, за вас. Ве очекува многу забава, дружење, излегување и ваквото темпо ќе ви помогне да се чувствувате како нови. Секако, ваквото однесување ќе привлече и интересна личност кон вас, што значи дека голема е веројатноста да ја сретнете вистинската личност во текот на овој месец.

Зафатените Бикови би требало да внимаваат на нови непромислени  чекори. Уживајте додека можете и не размислувајте премногу.

Близнаци

Родените во овој знак се расположени за љубов, но се чувствуваат несигурно што остава и таков впечаток на спротивниот пол. Сепак, ваквата збунетост е моментална и затоа подобро е да се опуштите и да уживате во магијата која ја носи овој убав месец. Ќе бидете активни на љубовен план, но тоа ќе ви донесе и многу убави моменти и уживања.

Доколку сте зафатени, потрудете се ништо да не менувате и да ги оставите нештата такви какви што се, бидејќи се доволно убави и така.

Рак

Мај за Раковите е месец на љубовта. Ако овој месец може да се набљудува како боја, тогаш тој носи комбинација на романтично розова и страствено црвена. Јасно ви е колку љубов лежи во таа комбинација?

ез оглед на тоа дали сте во врска или не, обидете се да уживате во љубовните моменти. Оние Ракови кои се во подолга врска ќе започнат посериозни планирања и чекори. Спремни сте за бебе? Само напред.

Лав

На полето  на љубовта, овој месец ви носи збунетост. Не сте сигурни како се чувствувате и што сакате од љубовта, па не знаете ниту како да реагирате. Тоа што дефинитивно е сигурно е вашето убаво расположение, кое ќе потрае до средината на мај, кога полека ќе почнете да станувате посигурни за тоа што го чувствувате. Овој месец ќе ви биде најважна страста и без оглед на тоа дали сте романтични или не, препуштете се на романтичните и страствени моменти.

Девица

Овој месец ќе биде бурен, но ако гледате од позитивната страна, барем нема да ви биде досадно. Доколку сте слободни, ќе имате многу можности да го смените својот статус, но што и да се случи ќе зависи само од вас и вашите чувства.

Доколку сте во врска, тука настапува бурниот период. Можно е вашата половина да бара малку простор или да постои љубомора, онаму кадешто не е потребна. Сепак, имајте на ум дека ваквото однесување може да ја прекине врската и затоа три пати размислете пред да кажете или направите нешто.

Вага

За вас, мај ќе биде прилично непредвидлив. Можеби ќе уживате во љубовта, може би не, но вашите чувства ќе се менуваат од ден на ден. Секако, ништо значајно нема да се смени ако сте во врска, додека пак слободните Ваги ќе имаат можност да го променат својот статус. Во суштина, многу нешта зависат од вашето расположение  и делување. Она што е сигурно е дека Вагите се расположени за сексуални авантури повеќе отколку за романтични моменти.

Скорпија

За родените во овој знак, мај е прилично мирен месец. Ако сте во врска, нема да постојат никакви натегања. Врската е хармонична, и работите течат онака како што би требало. Во потполност сте задоволни. Ако сте слободни, работите можат да се променат, но само ако вие сакате. Ќе постојат шанси и можности, но не размислувајте премногу. Така ќе си донесете убави пролетни денови.

Стрелец

Ако сте во врска, мај може да донесе она што чекавте од почетокот на годината – мир, љубов и романтични моменти. Секако, врската станува посилна секој ден, а вие чувствувате и повеќе љубов. Тоа значи дека на вас пролетта убаво делува.

Ако сте слободни, нема да ви биде многу досадно. Расположени сте за дружење и забава, а вашиот шарм постојано ќе го привлекува спротивниот пол. Можеби ќе имате повеќе можност да бирате кому ќе го подарите своето срце.

Јарец

Љубовта носи убави моменти за Јарците. Тие ќе бидат расположени, ќе уживаат во пролетта, а нивната позитивна енергија ќе биде заразна. Тоа ќе ги направи неодоливи за спротивниот пол, па така воопшто нема да им недостасува флерт, додворувања и убави моменти. Ако некој ви се допадне, влезете во врска па потоа ќе мислите.

Ако сте веќе во врска, романтични моменти ќе постојат секој ден, а вие ќе бидете пресреќни.

Водолија

Слободните Водолии во текот на мај ќе бараат личност која во потполност ќе ги освои, но тие ќе бараат и емотивна поддршка од нив. Тоа не е толку тешко да се најде, но само треба да погледнете околу себе. Љубовта особено ќе биде присутна на крајот на месецот, па затоа бидете подготвени на многу нешта.

Ако сте во врска, ќе се чувствувате малку запоставено и ќе барате начини да го привлечете вниманието од својата сакан личност. Само бидете искрени и не кријте ништо.

Риби

На љубовен план доаѓа затишје. Сепак, тоа може да биде затишје пред бура во позитивна смисча. Затоа, сами потрудете се да потегнете некои работи.

Оние кои се во врска не ги очекуваат големи промени, но тоа не значи дека не можете да уживате во убавите моменти со својата сакана личност.