Трагедија: Почина млад скопски ракометар

Трагедија ја потресе спортската јавност во Македонија, откако утрово беше објавено дека починал 19-годишен ракометар на РК Аеродром.

19-годишниот Андреј Петрески починал во својот дом, објавија неколку медиуми.

Петрески уште од најмлада возраст беше член на РК Аеродром и играше на позицијата лево крило.

Последниот поздрав со Петрески е денеска во 12.30 часот во капелата на гробиштата во Бутел.

Вчера Скопје Инфо објави за уште еден настан. 15-годишник од скопско почина откако му се слошило на базен во скопската населба Карпош. По извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство.