Утрово во Дебар Маало на улицата „Орце Николов“ се случи сообраќајна незгода, при што возило со скопски регистерски таблички удрило во канделабра.
Од ударот канделабрата се скршила и паднала врз возилото. Очевидци коментираат дека возачот не удрил со голема брзина во канделабрата зошто воздушните перничиња не му се отворени и дека најверојатно ударот се случил во обид да избегне судар со пешак кој му го пресекол патот.
Како и да е, полицијата е излезена на терен и врши увид.
На терен излегоа и екипи на ЕВН за да се реши проблемот со струјата во оштетената канделабра.