Тажна вест: Почина познат македонски професор

Вчера, 29 април, на 60-годишна возраст почина д-р Љупчо Меловски, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Професорот Меловски беше доајен на еколошката наука во Македонија, долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, пасиониран ботаничар, борец за заштита на природата и учител на стотици млади истражувачи и еколози.

Погребот ќе се одржи на Градските гробишта во Бутел, во четврток на 2 мај 2019 година во 13 часот.