Стоматолози: На пациентите ќе им биде одземено правото навремено да добијат стоматолошки услуги

- “Се известуваат граѓаните на Македонија односно осигурениците на ФЗО дека се настанати големи промени во користењето на стоматолошките услуги во специјалистичките стоматолошки ординации. После 16 години преговори помеѓу ФЗО и специјалистите стоматолози конечно на крајот на годината фондот утврди приближно реална цена на специјалистичките услуги (протетски, ортодонтски и орално хируршки услуги). Но со тоа реши само едно барање од повеќето барања на стоматолозите специјалисти кој долги години преговараа“, се вели во соопштението од Здружението на специјалисти стоматолози.

- “ Со тоа бројот на услугите што може една ординација да ги понуди се намали (преполови) за 50% . Тоа би значело дека докторот специјалист по соодветната специјалност може да пружи половина од услугите за соодветниот месец и на тој начин на осигурениците на ФЗО ќе им биде одземено правото навремено да добијат специјалистички стоматолошки услуги. На овој начин пациентите ќе чекаат повеќе месеци за да можат да добијат услуга во специјалистички ординации или ќе мора приватно да ги плаќаат услугите“, велат тие.

Од здужението посочуваат дека со намалување на бројот на услуги фондот не им го решил нивниот 16 годишен проблем зошто истата сума пари се издвојува за специјалистичката стоматолошка дејност, а на осигурениците им се преполовени услугите.