Средношколци од Mакедонија претворија дожд и гром во струја

Средношколците Мартин Јосифовски и Мартин Филипоски освоија бронзен медал на Меѓународната олимпијада за обновлива енергија, инженерство и животна средина што се одржа во Хјустон, Тексас (САД).

Во конкуренција на 4.000 проекти доставени од околу 7.000 учесници од 100 држави во светот, проектот за добивање електрична енергија од дожд и град на младите гостиварски иноватори се најде меѓу трите првопласирани за кои се одлучила тричлената комисија која ги оценувала проектите.

Средношколците теоретски докажале дека ударите на капките дожд и град можат да се претворат во електрична енергија. Во лабораторијата за експерименти во гостиварскиот колеџ тие успеале да добијат наизменична струја. Оваа иновација отвора нова страница во енергетиката.

Преку интернет откриле дека исклучиво во Америка има електричен материјал – пиезо, кој е многу чувствителен на допир. Го нарачале по електронска пошта, меѓутоа добиле одговор дека на ваков начин не можат да го доставаат во Македонија.

Експериментот беше успешен – лед-диодата светна со наизменична струја. Радоста беше голема“, објаснува Филиповски во изјава за Утрински весник.