Карпош Соколи успеа да го совлада шампионот МЗТ Скопје со 85:83 во заостанатиот натпревар од првото коло во Првата лига за да покажат дека и оваа година ќе бидат најсериозен противник на шампионот во борбата за титулата.

Гостите водеа во текот на целиот натпревар, а откако „металците“ доживеаја пад во формата во втората четвртина, Соколи се вратија со низа од 14 поени едноподруго за водство од 49:33 на полувремето. Вице-шампионот дојде и до +17, пред МЗТ Скопје да врати со сопствена низа од 8 поени без одговор за да се врати на разлика која се стигнуваше (59:70). Во последната четвртина, МЗТ имаше шанса да направи неверојатен кам-бек откако во последните минути дојдоа и на -3 (82:85), меѓутоа тоа беше сè што можеше да направат шампионите.

За Карпош најефикасен беше репрезентативецот Дарко Соколов со 19 поени, Жарко Чомагиќ имаш 16, a Џејлен Браун додаде 15. Кај МЗТ, неодамнешниот член на Соколи, Бојан Трајковски, не можеше сам против поранешниот тим, иако имаше фантастични 34 поени, 8 скока и 2 асистенции.

За тимот на Александар Тодоров ова е трет пораз во низа откако ги загубија дуелите во АБА-лигата со ФМП на гости и со Задар на домашен терен.

МЗТ Скопје – Карпош Соколи 83:85 (16:22/17:25/26:23/24:15)