Карпош Соколи и Драган Николиќ казнети по 5 илјади евра

Македонскиот кошаркарски претставник Карпош Соколи, очекувано, го загуби со службен резултат 20-0, дуелот против Теодо во БИБЛ, откако тимот се повлече од теренот на 2:45 минути пред крајот на мечот и не го доигра.

Раководството на Балканската лига им изрече и финансиски казни на клубот и на тренерот Драган Николиќ за одлуката Карпош Соколи. „Соколите“ ќе треба да платат 5.000 евра парична казна, а идентично е казнет и стратегот Драган Николиќ.