Со „бмв“ се забил во бетонски столб, со тешки повреди бил пренесен во болница

Вчера до СВР Скопје стигнало пријава дека патничко возило „бмв“ се забило во бетонски столб при што со тешки повреди се здобил возачот на возилото кој бил пренесен со болница.

На 07.04.2024 во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1732“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(40) од Скопје удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.