Снимка која стана хит на Интернет: „Јас сум чисто Македонче“

На социјалните мрежи се појави видео кое за кратко време стана многу популарно.

Најверојано се работи за наш иселеник кој го научил својот пријател да каже дека е „чисто Македонче” – има чиста крв Македонска од село Новаци близу РЕК и брат од Горно Оризари, Димче Могилче.

Инаку, Македонија е во фаза кога интензивно се преговара со јужниот сосед за решавање на спорот со името. Затоа и видеото брзо се рашири на интернет и е доста коментирано.

Видеото има скоро 38.000 прегледи.