Полицијата пред полноќ ја испразни собраниската зграда. Светлата во законодавниот дом беа изгаснати. Пред сите влезови имаше припадници на полицијата, а околу Собранието се поставија метални барикади.

МВР соопшти дека се врши проверка на работните простории во Парламентот за евентуално останати лица на кои им е потребна медицинска помош, како и утврдување на бројот на повредени примени во болниците и за нивната здравствена состојба.

Утрово пред Собранието е мирна.