Сите знаеме кое е значењето на црвените јајца, но што значат другите бои?

Утрово, соодветно на христијанските обичаи, се вапсуваа три црвени јајца. Црвеното велигденско јајце е симбол на крвта на Исус, но и на новото раѓање на животот - воскресението. 

Но, луѓето сакаат велигденската трпеза да им биде шарена и разнолика, па затоа често гледаме и јајца во сина, зелена, виолетова или жолта боја. Иако значењето е повеќе естетско, постојат следниве верувања за значењата на боите:

Жолта - светлина и среќа, обнова и радост
Црвена - светост, надеж, ново раѓање
Портокалова - сила и издржливост
Зелена - обновување и раст
Сина - здравје и благосостојба
Виолетова - боја на надежта и довербата