Ќе споиме четри дена - Пред нас е продолжен празничен викенд

Пред нас е продолжен празничен викенд. 

Утре е неработен ден е само за православните верници, се одбележува Велики петок.

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ ги соопшти неработните денови за претстојните Велигднески празници.  

- 3 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија

- 6 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.