Сите станаа шофери низ Скопјево

Сите станаа шофери низ Скопјево.Шетајќи се низ ГТЦ тргнав да одам накај Олимпски базен.Застанав учтиво на пешачкиот премин на булеварот.

Гледам залетани фаци се повлеков таман се намали сообраќајот реши да го преминам булеварот.Тргнав, погледнав на десно и еден возач ја поднамали брзината. Направив чекор и полека застанв, забележав како по втората лента се движи еден силно залетан „фраер“.

Ме виде дека веќе сум на пола пат нагло закочи, и почна да ми мафта со раката свирејќи - „Ајде мрдај“ - ми викна, во тој момент неговата реакција ме изнервира, застанав и му велам „Што е проблемот?!“

Шизикот ја отвари вратата, и почна да вика „Јас ти застанав, а ти овде ми се влечеш, мислиш ѕвезда си“.

Ми дојде да појдам накај него, изброив до 10 и продолжив,  мангупот од Скопје  си ја пикна главата во својот скап автомобил и со шкрипење продолжи да вози.

Се прашува до кога вака?Секојдневно читаме, слушаме како гинат невини луѓе по улициве заради нечие невнимение.