Ќе се гради уште еден мост преку Вардар

Градот Скопје го избра архитектонско-урбанистичкото идејно решение на авторот Миодраг Никитовиќ за изградба на планираниот пешачки мост, преку Вардар што ќе ги спојува „Дрводекор“ и плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“.

На распишаниот Конкурс биле доставени само два авторски труда. Миодраг Никитовиќ е познат и како творец на новата барокна фасада за деловното здание „Палома Бјанка“.