НА ПАРТИЗАНСКА: Oгради за безбедно минување улица

За поголема безбедност на пешаците што ја преминуваат "Партизанска" кај Универзална сала, на средишниот дел се поставени железни огради.Оградите го насочуваат движењето на пешаците точно кон пешачките премини, со што се спречува претрчувањето преку булеварот кој каде ќе стигне. 

Претходно, на улицата кај Универзална сала беше направен триаголник, со што се регулираше застанувањето на пешаците додека чекаат да им се запали зелено светло на семафорот за да преминат улица. Таков триаголник е изведен и кај улицата "Ленинова" пред ресторанот "Мечос".