Што гледаат Македонците најмногу на телевизија?

Во 2015 година, публиката најчесто гледала вести и информативна програма и играни серии, стои во Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Најголем дел од граѓаните сметаат дека играните серии се премногу застапени во понудата на домашните телевизии, а препознаваат недостиг на културна и образовна програма, програми за деца и цртани филмови, документарни емисии и играни филмови.

Публиката не била задоволна од квалитетот на играните филмови, играните серии и образовната програма.