Децата во Македонија препуштени на милост и немилост на турските серии

Децата немаат што да гледаат на телевизија и се принудени да ги гледаат увезените сапунски серии со чии ликови се идентификуваат. Телевизиите мора да емитуваат и продуцираат програми за деца затоа што за тоа се обврзани со закон.

Стручните лица велат дека ситуацијата е алармантна затоа што нема продукција за деца и тие се препуштени на влијанието и насилството што го презентираат сапуниците и увезените програми.

Едно истражување во Америка покажува дека она што децата го гледаат од 4 до 8 години како негативно се рефлектира подоцна од 16 до 18 години.

Не е доволен само знакот дека програмата е наменета за лица над 16 или 18 години кога таа програма се емитува во време кога децата масовно гледаат телевизија.

Децата се идентификуваат со ликовите од турските серии. Тоа е лошо од повеќе аспекти затоа што детето не знае со кого се идентификува, нема позитивен пример на идентификација.