Секогаш највеќе те осудуваат оние кои најмалку те познаваат

Најмногу ве осудуваат оние кои не ве познаваат. Затоа нивното мислење е најмалку важно. Затоа што кога би знаеле каква личност сте, ако длабоко би ве познавале, никогаш не би ве осудувале. Затоа, тоа воопшто нека не ве допира. Нека не ве разочарува и обесхрабрува. Затоа што е неважно. Туѓото мислење е само тоа – нечие туѓо мислење. Кое најчесто нема никаква поврзаност со правата вистина. Затоа што доаѓа од субјективната проекција на таа личност.

Затоа што кој подобро ве познава од вас самите? Кој подобро ја знае вашата душа, желби и намери? Кој може однадвор подобро да знае што навистина сте сакале да кажете или што сте планирале да направите?

Никој. Затоа, она што доаѓа однадвор речиси воопшто не е важно. Затоа што оној кој ве осудува, тој всушност не ве познава. И колку е подалеку од вас, толку помалку знае. А можеби и би сакал повеќе да знае, само не може да ви се приближи. И има причина зошто е тоа така. 

Затоа што сличното привлекува слично. А штом не ви е во близина, значи дека воопшто не си наликувате. И да, можеби некогаш сте наликувале. Па затоа мисли дека ве познава. Дека има право да каже нешто за вас. Но, вистината е следна: Ако не бил со вас во последната година во постојана комуникација, тогаш повеќе и не ве познава. Затоа што ние како луѓе се менуваме.

И можеби имате нешто што таа личност нема, па ја боли. Не вашиот успех, туку нивниот сопствен неуспех. Па мислат дека ќе се чувствуваат подобро ако ве осуетат вас. Но, тоа воопшто не е важно, причините се неважни. 

Важно е дека туѓото мислење не смее да ве повреди. И колку сте поблиску до себе, толку помалку може да ве допре. Колку подобро се познавате, толку помалку барате од другите да ве познаваат. Затоа што знаете дека ја живеете својата автентичност. И дека оние кои треба да дојдат во вашиот живот, ќе си дојдат. А исто така дека ќе си заминат оние кои повеќе не треба да бидат во ваша близина. На тој начин се воспоставува балансот. 

Затоа, зацврстете се и продолжете храбро по својот пат. Кога ќе се издигнете над тие ниски вибрации, нема да можат да ве допрат. Нема повеќе да ги забележувате, затоа што во фокусот ќе биде вашата вистина, вашето ниво на квалитет на живеење и постоење. А тогаш во него ќе ги пуштите само оние кои се на истото ниво и кои ги споделуваат истите животни врености. 

И по тој пат меѓусебно ќе се бодрите. На толку високо ниво ќе ви биде енергијата, што порано не сте ни можеле да го замислите тоа.

~ Ива Брадариќ