10 совети за луѓето кои пребрзо ги осудуваат другите

Осудувањето е природна човечка карактеристика, но ако ја отфрлиме ќе бидеме посреќни. Во ова многу ќе ни помогнат овие совети. Со осудувањето не добиваме ништо, а ако се потрудиме и ја отфрлиме оваа карактеристика ќе станеме посреќни луѓе и подобри пријатели. Важно е да се сетиме дека кога критикуваме или озборуваме некого, најмногу штета си нанесуваме на себеси. Марк Черноф, американски професионален сооветник и еден од авторите на блог за личен развој дал 10 совети кои ќе ни помогнат да престанеме да осудуваме.

  1. Погледнете во себе. Кога двајца ќе се сретнат, секогаш добива оној со повеќе душевни спознанија за себе. Таа личност секогаш ќе биде помирна, посамоуверена и во хармонија со околината. 

  2. Не бидете мрзливи и не ги осудувајте другите пред да ги запознаете и да ја дознаете нивната приказна. Бидете љубезни и отворени. Научете да слушате. 

  3. Секоја личност има своја приказна. Постои причина зошто нивниот живот е таков каков што е. Сетете се на тоа и почитувајте го тоа. 

  4. Она што во текот на животот сме го научиле за љубовта, сочувството и добрината се одразува на нашиот однос кон луѓето. 

  5. Обидете се во срцето да ја задржите љубовта. Колку повеќе добрина гледате во луѓето, повеќе добрина ќе откриете во себе. 

  6. Бидете присутни. Бидете пристојни. Давајте им комплименти на другите. Обрнете повеќе внимание на нивните квалитети наместо на нивните слабости. 

  7. Во потрагата по среќа и исполнетост сите избираме поинакви патишта. Тоа што некој не оди по истиот пат како и вие, не значи дека е изгубен.

  8. Во ред е ако понекогаш сте многу изнервирани, но не е во ред да бидете сурови поради тоа. Во расправите со другите се занимавате само со моменталната ситуација. Не мешајте минато и сегашност, тргајте се од драми. 

  9. Луѓето кои во вашиот живот оставаат длабока трага се оние кои ве сакале во моментите кога било тешко да бидете сакани. Запомнете го тоа и вратете ја услугата која ќе имате можност за тоа.

  10. Без оглед на околностите бидете пристојни кон луѓето околу себе. Тоа носи мир во животот и преубаво наследство.