Се запали автомобил пред плоштадот „Скендербег”, сопственикот бил внатре

Кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.

Како што изјави сопственикот за МИА, возилото марка „форд” се запалило додека тој бил внатре во возилото.

 – Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото, рече сопственикот.

По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа.

Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот по што за кратко време беше ставен под контрола.