Се судрија велосипедист и малолетник со мотоцикл на „Гологанов“, има повредени

Малолетник и повозрасен скопјанец се повредни во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на еден скопски булевар. 

- На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од М.Р.(65) од Скопје и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот М.Р, додека малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Скопје.