Мотоциклист прегазил 73-годишен велосипедист во Скопје и избегал

Повозрасен скопјанец кој управувал велосипед бил прегазен од мотоциклист кој побегнал од местото на несреќата. 

- На 18.03.2024 во 13.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Б.(73) од Скопје, со кои се здобил во сообраќајна несреќа. Полициски службеници со него извршиле службен разговор во кој изјавил дека на 17.03.2024 околу 17.00 часот на ул.„Методија Патчев“ во Скопје, додека управувал велосипед, бил удрен од мотоцикл, кој го напуштил местото, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.