Заморот е примарна причина за повеќе од 20% од смртните случаи на патиштата во светот. Заморот значително го зголемува ризикот од несреќа. Голем број од сообраќајните незгоди поврзани со замор се случуваат во часовите предвидени за спиење и затоа, во многу од нив, повеќе од веројатно е дека возачот бил заморен и дека неговото тело не можело да се бори против потребата за спиење.
Кога нашиот организам е уморен и поспан или кога сме заморени од секојдневните работни обврски, несвесно влегуваме во ситуација да „се исклучиме“ и да станеме помалку свесни за тоа што се случува на патот и сето тоа значително да влијае на нашата способност брзо и безбедно да реагираме во опасни ситуации.
Во текот на летниот период, сакајќи побрзо да поминеме на патарина, да го избегнеме метежот и долгите чекања на граница и порано да стигнеме на плажа, забораваме да земеме здив и да направиме одмор.
Младите возачи спаѓаат во посебно ризична категорија учесници во сообраќајот. Особено за нив, летото е најкритичен период кога е во прашање заморот и долгите патувања.
Симптоми на замор на возачот
Многу е тешко возачите точно да го проценат сопственото ниво на замор. Способноста за самоодценување станува сѐ понесоодветна со зголемување на заморот, но кај многумина самодовербата останува непроменета. РСБСП алармира на следниве предупредувачки знаци кои возачите не треба да ги игнорираат:
Имајте на ум дека ако имате некој од овие симптоми на замор кај возачот, многу е веројатно дека вашата способност за управување со возило веќе е намалена.
Причини за замор кај возачот
Постојат две главни причини за замор кај возачот:
Крајниот резултат кој се добива е недоволно количество сон потребен на организмот и зголемување на ризикот од учество во сообраќајна несреќа поврзана со замор.
Од друга страна, пак, голем е и бројот на фактори кои влијаат врз веројатноста дека возачот ќе се замори, ги изделуваме следниве:
Никој не е имун на ефектите од заморот на возачот, меѓутоа некои групи луѓе или категории професионални возачи се повеќе изложени на ризик од другите:
Последици од заморот на возачот
Последиците од заморот на возачот можат да бидат катастрофални. Избегнувајте да возите кога сте заморни бидејќи заморот ги нарушува способностите за ментална обработка на дадената ситуација и навремено донесување одлуки. Секој возач може да замине во „микро-сон“ без да сфати. Ова може да трае само неколку секунди, но доколку во моментот има потреба од нагло свртување или запирање, ризикот од незгода е значително зголемен.
Учесник во незгода како последица на замор, најчесто вклучува едно возило што ја губи контролата врз лената во која вози и се судира со друг предмет (дрво покрај патот или друго возило). Возачот во овие случаи е сам, вози неколку часа без одмор, а делот од денот е помеѓу полноќ и 6 часот наутро.
Последиците од сообраќајните незгоди кои се припишуваат на заморот на возачот се најсериозни во однос на смртноста, телесните повреди и штетата предизвикана на добра и имот бидејќи заморениот возач не се обидува да ја избегне незгодата.
Важни совети
Запомнете: Единствен начин за справување со заморот е добро спиење. Ниту еден кофеински производ не може да го замени добриот сон пред тргнување на пат.
РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот добро да размислат пред да тргнат на пат. Внимателно да го испланираат своето патување и да прават чести одмори. Краткиот одмор значи малку подоцна, но безбедно и одговорно пристигнување онаму каде што сте тргнале.
Важна напомена: Не дозволувајте летните спомени да се претворат во трагедија!