Родилката од Битола чие бебе почина: Дури и обдукцијата да ја наместите, нема никогаш мирно да спиете

Родилката од Битола, Викторија Крстевска, чие бебе почина при породувањето во болницата во Битола, преку социјални мрежи си ја побара отпусната листа.

Крстевска вели дека 12 дена не ја добила отпусната листа и се сомнева дека обдукцискиот извод може да биде наместен.

-Во која нормална држава, со нормални услови и каде што партиите и „Ко је јачи у парама“ не се водечката каписла, се дозволува 12 дена да си дома, а сеуште да не си испишан од болница и да се водиш таму!? А истото треба да е веднаш, кога си одиш од болница! Ете јас после 12 дена се уште немам отпусно писмо. Сеуште мојата историја ја нема. Као технички си испишана, а документ од мене нема??? никаде? И нема мучканици? Или народски речено, „Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано“? Или ај бе ко ќе стигниме, сигурно плачи, пишти таја дома, не и е дојдено до ова.. А? Не кажувате ништо, ниту за комисијата, а ниту добив одговор на прашањето зошто немам отпусно писмо денес кога дојдов во тоа проклето одделение? Нормално, оти си бркате приватни обврски, А па ние извештај чекаме... Па еве до четврток е рокот да се објави.. Од обдукција во следните две недели нема да има, зошто?

Па, сигурно се на одмор... иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок. Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата. Јасно е дека има позадина, барем бидете храбри и признајте. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Па дури и обдукцијата да ја наместите, пошто знам, јасно и гласно ми беше кажано дека ве крепат, кој пари кој партија, никогаш мирно нема да спиете. Ќе ве прогонува мојот Јован, Јана и уште х илјадници други деца кои вака безмилосно сте ги убиле. Ќе се борам до крај, напиша родилката од Битола на Фејсбук.