Ребека и Миа со коментар за потресното искуство на момчето со аутизам кое било врзувано

Јавноста во шок откако мајка, која ги обвини лекарите дека нејзниото дете со аутизам го малтретирале и врзувале во психијатриска установа

- После месец дена, мојот син денес го зедовме од психијатриска болница, така ни кажаа викендов. Јас не можам да верувам каде живееме, зарем нашето дете е ѕвер? Да, агресивен стана овие две години и затоа побаравме здравствена помош, но во 21 век да го врзувате ...? Дали така се заколнавте кога полагавте дека ќе бидете хумани? Ова дете е 17 годишно ... Душата ме боли, се прашувам дали ние како родители погрешивме што побаравме помош?! Зошто нема соодветна институција за нашите деца? Вака не се смирува дете, ова е насилство! Барам одговорност за овие рани од што бил врзуван!, вели шокираната мајка.

Потресната приказна за момчето ја пренесе извесна Снежана Тодоровска. 

- Момчето на сликава се вика Анес Абдуловски. 17 годишно од Битола, Со дијагностициран аутизам. Момче кое посетувало до скоро училиште, напредувало. Разбира се и зборува. Посетувало дневен центар и напредувало. До оној момент кога влегува во пубертет. Како и најголем дел од лицата со аутизам, пубертетот е најтежок во растењето и грижата за овие деца. Почнува да покажува нервоза, пркос и агресија. Но тоа се случува и кај типичните деца кога хормоните ке им проработат. Тоа е разбирливо, но поминува. Родителите побарале медицинска помош и детето е сместено во психијатриската болница Демир Хисар. Таму останува 5 недели. Во тој период родителите го посетиле повеке пати, но не им било дозволено внатре на лице место( во соба), туку со придрижба носено на по неколку минути во двор. Пред малку зборував со мајката. Всушност, детето во соба цело време престојувало врзано под силни антипсихотици. Тој момент родителите не го виделе. Се додека не им се јавиле по телефон да им кажат да си го земат детето дома на неколку дена, па после да го вратат. За ова никој не пишува. Причината за тоа јавување била дека болницата добила најава за посета од делегација од ЕУ, која патем има милионски суми дадено за оваа болница и за нејзините пациенти. Па сега не сакале од болницата, делегацијата да го гледа таков врзан за кревет и како зомби.

Родителите го земаат и настанува шок, кога ги виделе огромните рани од врзувањето. Рани направени длабоко во месото, од обидите на детево да се ослободи, вели таа во својата објава. 

- Изгледа дојде време да ја тужиме државата, сподели поранешната пејачка Ребека која истовремено е активистка за заштита на правата на овие деца. 

Се огласи и познатата инфлуенсерка Миа Костова: 

- Ме исплаши моментот што ниту една вест веќе не ме изненадува и се исплашив од коментарот во глава ‘тоа е, Македонија, што очекуваш’ Уште поисплашена сум што овој пост веќе во петок ќе биде покриен со друг пост уште поморбиден, до следната среда со нова хорор приказна. Нас ни нема спас, порача таа.