Реакција на Град Скопје: Во гаснењето на пожарот во населба Даме Груев интервенирале 9 возила и 20 пожарникари

„Сакаме да Ве информираме дека во гаснењето на вчерашниот пожарот Бригада за противпожарна заштита на град Скопје интервенирала со 9 возила и 20 пожарникари, а не со 3 возила. Исто така, реагираме на невистините во вашиот текст дека боците со кислород биле надвор од употреба, бидејќи со помош на тие боци биле спасени тројца станари од 4 кат (мајка и дете и постара госпоѓа), коишто биле заробени од пожарот кој избил на 2 кат и биле во опасност да се задушат од чадот кој се ширел.

Ја демантираме и информацијата дека од чадот се задушил само член на Противпожарна бригада, бидејќи повредениот пожарникар има физичка повреда, односно при интервенцијата паднал и се здобил со скршеница на пршлен и сега е на болничко лекување.

Сите станари со помош на надворешна скала се извлечени од нивните домови и се однесени на безбедно.

Исто така, сакаме да Ве информираме дека се уште не се утврдени причините за избувнувањето на пожарот и нив ги утврдува полицијата.