Пржо: Немојте да ги кинете кокичињата или качунките - така се нарушуваат животните циклуси

Познатиот биолог Кирил Пржо упати апел во пресрет на пролетта. 

-Како што просечните температури се зголемуваат од година во година, така се менуваат и скратуваат или забрзуваат годишните сезони, а со тоа и се нарушуваат животните циклуси на растенијата и животните. Затоа НЕМОЈТЕ да ги кинете и/или берете раноцветните растенија - кокичиња или качунки. Тие се прв извор на храна на прерано пробудените инсекти. Кокиче во вазничка или чашка на биро или на прозор онака на ништо не личи, а може да прихрани многу видови, порача тој.